Владата објави информација поради изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020.
Од Владата дообјаснуваат дека мерката (ослободувањето) е регулирана со член 13, точка 11 и член 16 од:
Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на населението од заразната болест Covid-19 предизвикана од вирусот Sars-Cov2, случаите и временскиот период на нивна примена(Сл. весник на РСМ, бр. 263/2020)
Согласно член 13 став 1 точка 11:
*се ослободуваат бремените жени од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место.
Согласно член 16:
*превентивните препораки, времените мерки, наредените мерки, наменските протоколи, планови и алгоритми согласно со оваа одлука ќе се применуваат до завршување на Пандемијата со Covid-19 прогласена од Светската здравствена организација.