ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА ДДВ – ДДВ-04 МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ДО 28 ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА

Согласно Соопштението објавено на веб страната на Управата за јавни приходи, поради ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, поради актуелната состојба со Ковид 19, а со цел одбегнување на отежната поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, рокот за поднесување на ДДВ 04 е продолжен за три работни дена, односно за краен рок ќе се смета 28 јануари 2022 година.