Во „Службен весник на РСМ”, бр. 299/20 објавено е даночното намалување (лично ослободување), утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, кое за 2021 година на годишно ниво изнесува 101.256,00 денари.
Висината на даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 8.438,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.