Во „Службен весник на РСМ“ бр.215/21 од 16 септември 2021 година, објавено е дополнување на Законот за облигационите односи („Службен весник на РСМ“ бр.18/01…123/13), кој стапува на сила со денот на донесувањето, а ќе се применува од 01 октомври 2021 година.
Со ова дополнување на ЗОО, уредено е ограничување на пресметаната договорна камата до висината на главнината од која се пресметува односно кога износот на стасаната, а неисплатена договорна камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.
- Ваквото лимитирање на договорната камата до износот на главнината ќе се применува и за неплатената камата од 1 јануари по годината во која стапката на инфлацијата била во рамките на умерена инфлација, односно до 50% на годишно ниво.
- Ова лимитирање на договорната камата не се применува од 1 јануари по годината во која стапката на инфлацијата е во рамките на голема инфлација, односно над 50% на годишно ниво.
Одлука за прогласување на година на ниска (до 3%), умерена (од над 3% до 50%) или висока инфлација (над 50%) донесува Советот на Народната банка на Република Северна Македонија.