Во („Сл. весник на РСМ“, бр. 280/21) објавена е Одлука за дополнување на Одлука за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, со која се додаваат три производи на кои се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало, односно дополнувањето се однесува на следните производи:
- ориз;
- јајца;
- тестенини;
Највисоките цени на производите одлука ќе се применуваат од 15 декември 2021 година до 31 јануари 2022 година.
Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало.
Во определување на највисоките цени на производите се исклучуваат цените на привремените попусти (акциски попуст / снижување / распродажба) кои важеле на 1 декември 2021 година, во кои случаи за највисоки определени цени ќе се сметаат цените на производите кои непосредно се применувале пред 1 декември 2021 година, односно пред нивните привремени попусти.
Постоењето на привремениот попуст (акциски попуст / снижување / распродажба) за конкретните производи го докажува трговецот со:
- Влезна фактура од добавувач/производител со одобрен попуст;
- Влезна фактура од добавувач/производител со дополнително книжно одобрение за попуст или фактура за маркетинг надомест за спроведување на акцијата и
- Договор или друг вид на двостран акт со кој се потврдува попустот, за кој сеуште не е издадено книжно одобрение.