ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ДО 15 ОКТОМВРИ 2022 ГОДИНА ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ СЕ ДОСТАВУВА НАЛОГ ЗА УПЛАТА НА НАДОМЕСТОКОТ ОД ПРОДАЖБА НА ПЛАСТИЧНИ КЕСИ ЗА НОСЕЊЕ НА СТОКИ И ОБРАЗЕЦ ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА НА ИСТИТЕ

Краен рок за доставување на налог за уплата на надоместокот за продажба на пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба и образец за водење на евиденција за бројот на продадени пластични кеси за носење на стоки за периодот јули – септември 2022 година, до Министерство за животна средина и просторно планирање, е 15 октомври 2022 година.
Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари.
Евидентниот лист за продадени пластични кеси за носење на стоки за еднократна употреба, е пропишан согласно Правилникот за стандардите за био-разградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за носење на стоки, начинот на пуштање на пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење на евиденција (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 265/2021).
Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци се испраќа по пошта или доставете ги лично до Архивата на МЖСПП на адреса:  

Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад
Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3
1000 Скопје