ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ КОИ ПРИКАЖАЛЕ ДАНОЧНА ЗАГУБА ВО ДБ ЗА 2022 година, односно загуба за 2022 година искажана во Билансот на успех намалена за непризнаените расходи искажани во даночниот биланс за 2022 година, можат така искажаната даночна загуба да ја пренесат на товар на добивката (даночните основици) во идните пресметковни периоди НАЈМНОГУ ДО ТРИ ГОДИНИ СМЕТАНО ОД ГОДИНАТА КОГА Е ИСКАЖАНА ЗАГУБАТА (член 19 од Законот за данокот на добивка – Службен весник на РМ, бр. 112/14, 129/15, 23/16, 190/16, 248/19, 275/19, 290/20 и 151/21).
Правото за пренесување на даночната загуба за 2022 година на товар на идните даночни основици (во даночните биланси за 2023, 2024 и 2025 год.) се остварува со поседување на Одобрение од Управата за јавни приходи кое се добива по претходно поднесено барање на пропишаниот Образец ДД 01 – Барање за пренесување на искажаната загуба. Барањето за пренесување на искажаната даночна загуба за 2022 година – Обрзец ДД 01 се поднесува до Управата за јавни приходи до 31 март 2023 година.
Целосниот текст „Барање за пренесување на даночна загуба за 2022 година“ е поставен во заштитениот дел „Текстови“.