Во Сл. весник на РСМ, бр. 151/21 објавен е Закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ “ бр. 61/2004, … и 23/16 и „Сл. на РСМ“ бр. 96/19) – Закон за изменување и дополнување, кој влегува во сила од 14 јули 2021 година и се применува од истиот датум, со исклучок на две одредби кои се применуваат од 1 јануари 2022 година и се однесуваат за:
- Ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот која претставува даночна основа на данокот на имот од страна на општините, општините на град Скопје и градот Скопје, се врши на секои четири години (член 2 став 5 од Законот за изменување и дополнување),
- Зголемување на стапката за данокот на имот за три пати во однос на пропишаните стапките, за недвижен имот кој не се користи од сопственикот или не се издава под закуп подолго од шест месеци во текот на една година (член 3 од Законот за изменување и дополнување).
Новините од Законот за изменување и дополнување на
законот за даноците на имот, се однесуваат на:
- Нови дефиниции за одделни поими употребени во законот (член 2 од Законот за даноците на имот),
- Период за вршење на ревизија на пазарната вредност на недвижниот имот од страна на општините, општините на град Скопје и градот Скопје (член 5 од Законот за даноците на имот),
- Измена во даночните стапки кај даноците на имот (член 6 од Законот за даноците на имот),
- Намалување на пресметаниот данок во висина од 50% за обврзникот на данокот на имот за едностанбен или повеќестанбен објект за домување и двор (земјиште) во кој живее (член 9 од Законот за даноците на имот),
- Даночни ослободувања од данок на наследство и подарок кај втор наследен ред за едностанбен и повеќестанбен објект за домување и кај втор наследен ред за наследник, на кој земјоделството му е основна дејност за земјоделски објекти кои се во функција на намена на земјиштето (член 17 од Законот за даноците на имот),
- Даночната основа кај данокот на промет на недвижности (член 21 од Законот за даноците на имот) и
- Покрај судот и нотарот ќе може Решението за наследство да го достави до општините, општините на град Скопје и градот Скопје (член 32 од Законот за даноците на имот).
Напомена: Коментар на измените и дополнувањата на Законот за даноците на имот ќе објавиме во списанието Советник за даноци, сметководство и деловно право.