Согласно направените измени во Законот за данокот на додадена вредност, се намалува даночната стапката од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија само за домаќинствата за период од денот на влегување во сила на Законот за ДДВ од 30 јуни 2022 година.
Во периодот од 1 јули 2022 година до 30 јуни 2023 година, ќе се применува даночна стапка од 10% за прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата.
Од 1 јули 2023 година повторно ќе се применува даночната стапка од 18% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата.