ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

НАЈДОЦНА ДО 24.08.2021 ГОДИНА РАБОТЕЊЕТО НА СИТЕ СУБЈЕКТИ (КОНТРОЛОРИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ) МОРА ДА БИДЕ УСОГЛАСЕНО СО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ, А СО ТОА И СО GDPR (Европска Регулатива за заштита на личните податоци бр. 2016/679)

На 24.02.2020 година влезе во сила новиот Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на РСМ“ бр.42/20). Со овој закон се врши усогласување со европската Регулатива за заштитата на личните податоци бр. 2016/679, или попозната како General Data Protection Regulation (GDPR). Во Законот е предвиден рок од 18 месеци за усогласување на работењето на сите контролори на лични податоци. Согласно ова, најдоцна до 24.08.2021 година работењето на сите субјекти мора да биде усогласено со новиот Закон за заштита на личните податоци, а со тоа и со GDPR.

Во функција на усогласување со начелата, вредностите и правилата за заштита на личните податоци предвидени во новиот Закон за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20), контролорот ќе треба да преземе соодветни активности за подобрување, надградба и прилагодување на својот воспоставен систем за заштита на личните податоци согласно овој закон.

Дополнително, во Законот се предвидени и глоби за неусогласеност кои може да достигнат 4% од вкупниот годишен приход на субјектот.