Во „Службен весник на РСМ“ бр.215/21 од 16 септември 2021 година, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва („Службен весник на РСМ“ бр. 28/2004, 84/2005,25/2007, 87/2008, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13,119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ брoj 290/20)18/01…123/13), кој стапува на сила од 24 септември2021 година.
Со Законот за изменување и дополнување на ЗТД се воведува нов облик на ДОО – поедноставено друштво со ограничена одговорност ПДОО.
Како ПДОО може да се основа друштвото кое има најмногу тројца основачи како физички лица, од кои еден е управител.
Најмалиот износ на основната главнина на поедноставеното друштво со ограничена одговорност е 1 евро во денарска противвредност според средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишување на основачкиот акт на друштвото.
Најмалиот номинален износ на деловниот удел е 10 центи во денарска противвредност според средниот курс на НБРСМ на денот на уплатата, освен ако основачите не се договориле тоа да биде денот на потпишување на основачкиот акт на друштвото.
Со Законот за изменување и дополнување на ЗТД се брише членот 522 – б, односно се укинува бришењето на неактивните субјекти од трговскиот регистар по службена должност од страна на Централниот регистар на РСМ.
Сите постапки за бришење неактивни субјекти од трговскиот регистар согласно со членот 552-б од ЗТД, започнати до 24 септември 2021 година (денот на влегувањето во сила на овие измени), ќе продолжат согласно со Законот за трговските друштва „Службен весник на РМ“ бр. 28/2004, 84/2005, 25/2007, 87/2008, 42/10, 48/10, 24/11, 166/12, 70/13, 119/13, 120/13, 187/13, 38/14, 41/14, 138/14, 88/15, 192/15, 6/16, 30/16, 61/16, 64/18 и 120/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.290/20).