• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ

ОД ДЕНЕС – 24 СЕПТЕМВРИ 2024 СЕ ОГРАНИЧУВААТ БРУТО ПРОФИТНИТЕ МАРЖИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛО НА 73 ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Врати се назад

Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 196/24  објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки и обврска на трговците да прибавуваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед.
Со Одлуката се определуваат посебните услови за трговија и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат стоките, односно се ограничува: највисоката бруто профитна маржа за одделните стоки, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец.

1. ПЕРИОД НА ПРИМЕНА НА ОДЛУКАТА  
Одлуката се применува од 24 септември 2024 година до 31 октомври 2024 година.

2. Највисока маржа
Највисоката бруто профитна маржа за одделните стоки, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец се утврдува:

  • во вкупен износ до 10% во трговијата на големо и
  • во вкупен износ до 10% во трговијата на мало.

3. Обврска на трговците на мало за обележување на стоките со посебен натпис
Трговците за вршење дејност трговија на мало за одделните стоки, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот (кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд): „помалку трошоци, повеќе за тебе”

Линк:

https://economy.gov.mk/2024/09/20/img_20240920_150027_785_1.jpg

4. Обврска на трговците на мало за набавка на минимални количини
Трговците за вршење дејност трговија на мало имаат обврска стоките, да ги прибавуваат и продаваат месечнo на потрошувачите, во количина од најмалку 70% од количината прибавена во август 2024 година.

5. Обврска на трговците на големо и правните лица кои вршат дејност производство за продажба на минимални количини
Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска стоките да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во август 2024 година.

6. Листа на стоки
Листата на стоки за кои важат посебните услови (ограничени маржи и набавка/продажба на определени количини и обележување) е следна:
1) ориз бел, во пакување од 900g до 1kg;
2) брашно пченично, тип 400 во пакување од 1kg до 2kg;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
4) печени пекарски производи (ѓеврек обичен, бурек со месо и сирење, баничка со месо и сирење, симит погача и лисната кифла, обична и со сирење);
5) бисквити, „Petit Beurre” и бисквити обични од 300g до 500 g;
6) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица) без и со јајца од 500g (без додатоци);
7) масло за јадење од сончоглед, во пакување од 1 l;
8) месо, јунешко, без коски, од бут или некој друг дел;
9) месо, свинско, без коски, од бут или некој друг дел;
10) пиле (свежо и замрзнато) цело;
11) пилешки стек (свеж и замрзнат);
12) салама, шункова во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
13) чаен колбас, од свинско месо (без додатоци и без слајс пакување);
14) чаен колбас, од говедско месо (без додатоци и без слајс пакување);
15) пилешка посебна саламa во пакување од 300g до 800g (без слајс пакување);
16) паштета од џигер и пилешка (кокошја), во пакување од 95g и 100g (без додатоци);
17) замрзната риба Ослиќ;
18) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
19) јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l;
20) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од 400g до 500g;
21) павлака од кравјо млеко, кисела, со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180g до 400g;
22) урда;
23) традиционално кравјо бело сирење (без додатоци);
24) традиционално мешано бело сирење (без додатоци);
25) традиционален кравји кашкавал (без додатоци);
26) традиционален мешан кашкавал (без додатоци);
27) свежи јајца од кокошка, пакување 1/10;
28) масло (путер), индустриски произведен, во пакување од 250g;
29) маргарин (обичен), во пакување од 250g;
30) јаболка;
31) праски;
32) грозје трпезно;
33) лимони;
34) портокали;
35) банани;
36) исчистени ореви;
37) грав;
38) кромид;
39) компири;
40) моркови;
41) спанаќ;
42) зелка;
43) краставици;
44) корнишони;
45) лук;
46) тиквици;
47) боранија;
48) домати;
49) пиперки;
50) карфиол;
51) тикви;
52) модар патлиџан;
53) леќа;
54) магдонос;
55) брокула;
56) праз;
57) зеленчук замрзнат (мешавина), во фолија од 450g;
58) зеленчук замрзнат од пченка, во фолија од 450g;
59) зеленчук замрзнат од грашок, во фолија од 450g;
60) боранија замрзната, во фолија од 450g;
61) маслинки, црни;
62) грашок, конзервиран, во пакување од 400g;
63) ајвар од печени пиперки, тегла до 660g;
64) краставички, конзервирани, тегла до 720g;
65) печурки маринирани (сецкани), тегла до 720g;
66) шеќер кристал бел;
67) џем и мармалад;
68) чоколадо млечно обично, во пакување од 100g;
69) кечап;
70) мајонез, во тегла од 660g;
71) зачин (вегета, зачинал и сл.);
72) кафе, пржено, мелено, во пакување од 200g и
73) сок кашест (матен) овошен, од разно овошје, во тетрапак од 1 l.

PrevПРЕДХОДНА ОБЈАВАПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ 2024 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 3,1%
СЛЕДНА ОБЈАВАПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2024 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 3,3%Next
мај 22, 2025
Објавен е нов Правилник за минимално – техничките услови за објектите за вршење туристичка дејност
Види повеќе >
мај 7, 2025
Процент на пораст на цените на мало за аконтацијата за данок на добивка за месец Април 2025 година е позитивен и изнесува 1,4%
Види повеќе >
април 25, 2025
ДОНЕСЕНА Е ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ – НКД РЕВ.2.1
Види повеќе >
април 23, 2025
ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС СПОРЕД СООПШТЕНИЕТО НА ДЗС ОД 22.04.2025
Види повеќе >
  • Скопје: ул. Бриселска бр. 9/1-8
  • Телефон: 02/ 3124-311; 02/ 3124-310
  • E-mail: info@konsaltingpekovic.mk
  • Политика за колачиња

2025 © Сите авторски права се задржани | Изработено со 🤍 од: WEB.mk