Во „Службен весник на РСМ“ број 44/2023 објавенa е: Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало. Одлукaтa влезе во сила од 28 февруари 2023 година и се применува од истиот датум.
Со Одлуката за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало се определуваат највисоките цени во трговијата на мало на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел).
Највисоките цени на производите се утврдуваат во висина на цена која изнесува 33 денари по леб – бел и полубел (сечен на парчиња или цел), со тежина која изнесува 450 грама и повеќе, а со тежина под 450 грама, се утврдува во висина до 33 денари по леб, бел и полубел (сечен на парчиња или цел) која цена ќе биде во сооднос со тежината на лебот.
Највисоката цена ќе се применува до 31 мај 2023 година.