Во „Службен весник на РСМ“ број 44/2023 објавенa е:
Одлука за престанување на важењето на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.
Одлукaтa влегува во сила од 28 февруари 2023 година.
Со Одлуката за престанување на важењето на Одлуката за преземање на мерка во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија престанува можноста за снабдување со електрична енергија по цена од 80 евра/МWh на физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност – главна приходна шифра: 01.47 одгледување на живина, 01.41 одгледување на молзни крави, 01.42 одгледување на други говеда и биволи, 01.45 одгледување на овци и кози, 01.46 одгледување на свињи, 10.11 преработка и конзервирање на месо, 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо, 10.13 производство на животинско и живинско месо, 10.41 производство на масла и масти, 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи, 10.61 производство на мелнички производи, 10.71 производство на леб: слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси) и 10.89 производство на останати прехранбени произвиди, неспомнати на друго место (само за производство на квасец).