ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ОГРАНИЧЕНИ СЕ ЦЕНИТЕ НА ОГРЕВНО ДРВО И ПЕЛЕТИ ЗА ОГРЕВ

Во Сл. весник на РСМ, бр. 234/22 е објавена Одлука за определување на највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало – во натамошниот текст Одлуката.

Од 4 ноември 2022 година ПРЕСТАНУВА ДА ВАЖИ претходно донесената  Одлука  за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Сл. весник на РСМ, бр. 179/22) со која за огревно дрво од даб, огревно дрво од буки и пелети за огрев беше определена највисока трговска маржа во трговијата на мало (најмногу до 10%).

Согласно новата Одлуката: ОД 4 НОЕМВРИ 2022 ГОДИНА ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2022 ГОДИНА НАМЕСТО НАЈВИСОКА ТРГОВСКА МАРЖА ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО ЗА ОГРЕВНО ДРВО ОД ДАБ, ОГРЕВНО ДРВО ОД БУКА И ПЕЛЕТИ ЗА ОГРЕВ, СЕ ОПРЕДЕЛУВААТ НАЈВИСОКИТЕ ЦЕНИ СО ВКЛУЧЕН ДДВ И ТРАНСПОРТ И ТОА:

  • ЗА ОГРЕВНО ДРВО ОД ДАБ ДО 4.500 ДЕНАРИ ПО МЕТАР ПРОСТОРЕН (МПР), ОДНОСНО ДО 6.429 ДЕНАРИ ЗА МЕТАР КУБЕН (М3),
  • ЗА ОГРЕВНО ДРВО ОД БУКА ДО 4.500 ДЕНАРИ ПО МЕТАР ПРОСТОРЕН (МПР), ОДНОСНО ДО 6.429 ДЕНАРИ ЗА МЕТАР КУБЕН (М3)
  • ЗА ПЕЛЕТИ ЗА ОГРЕВ ДО 27 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ.