ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ОД 1 ЈУНИ ПРЕСТАНУВА ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА МАРЖАТА НА ОДДЕЛНИ ПРЕХРАМБЕНИ ПРОИЗВОДИ

Од 1 јуни 2022 година, производителите, трговците на големо и мало можат слободно да ги формираат продажните цени на наведените производи без ограничување на маржата:

– леб бел и полубел (цел и сечен на парчиња);
– сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
– брашно од пченица– тип 400 и тип 500;
– шеќер бел конзумен;
– трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
– свежо месо;
– сувомеснати производи – салама (посебна и паризер од свинско, пилешко и  говедско),  виршли
(пилешки, свински, јунешки) и колбаси (пилешки, свински и говедски) со додатоци во нив;
– сирење бело кравјо и сирење бело мешано кравјо и овчо;
– урда кравја;
– македонски ориз бел;
– јајца од кокошка и
– шпагети и макарони од мека и дурум пченица.

На 1 јуни 2022 година престанува да важи Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки (“Сл. весник на РСМ”, бр. 51/22 и 81/22).