ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ОД 11 АВГУСТ 2022 ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2022 ГОДИНА СЕ ОПРЕДЕЛУВА НАЈВИСОКАТА ТРГОВСКА МАРЖА ОД 10% ЗА ОГРЕВНО ДРВО ДАБ, ОГРЕВНО ДРВО БУКА И ПЕЛЕТИ ЗА ОГРЕВ

Во Сл. весник на РСМ, бр. 179/22 донесена е Одлука за посебните услови за трговијата на одделни стоки со која се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата за следните стоки:
огревно дрво од даб;
– огревно дрво од бука и
– пелети за огрев.

Највисоката трговска маржа за стоките за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на мало се утврдува во висина најмногу до 10%.

Транспортот за испорака на огревно дрво од даб, огревно дрво од бука и пелети за огрев до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Највисоката трговска маржа за наведените стоките  ќе се применува од 11 август 2022 година до 31 декември 2022година.