ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ПОВЛАСТЕНА СТАПКА НА ДДВ НА ПРОМЕТОТ И УВОЗОТ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ЗА ДОМАЌИНСТВАТА (5% ДО 30 ЈУНИ 2022 ГОД. И 10% ОД 1 ЈУЛИ 2022 ГОД. ДО 30 ЈУНИ 2023 ГОД.)

Во Службен весник на РСМ бр. 163/2021 од 16 јули 2021 година, објавен е Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.
Согласно измените и дополнувањата на Законот:
од 16 јули 2021 до 30 јуни 2022 година прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата се оданочува по стапка од 5%;
од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе се оданочува по стапка од 10%;
од 1 јули 2023 година и понатаму прометот и увозот на електрична енергија за домаќинствата ќе се оданочува по стапка од 18%.