Согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања (Сл. весник на РМ, бр. 31/01, … и 98/19), Законот за данокот на добивка (Сл. весник на РМ, бр. 112/14, … и 290/20) и Законот за данокот на личен доход (Сл. весник на РМ, бр. 241/18 , … и 290/20), обврзниците кои се должни да воведат и да користат фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем на управување, им се намалува пресметаниот данок за набавени до десет фискални апарати, во висина на нивната вредност:
- За обврзниците на данок на одбивка, со поднесување на Барање до УЈП, до 20 јануари 2021 година, за 2020 година, на Образецот ДД 07 – Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување. Барањето се доставува до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/
- За обврзниците кои остваруваат приходи од самостојна дејност, со поднесување на Барање до УЈП, до 20 јануари 2021 година, за 2020 година, на Образецот ДЛД 02 – Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување. Барањето се доставува до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/