Согласно член 9-а од Законот за данокот на добивка (Сл. весник на РМ, бр. 112/14, … и 290/20), преостанатата сегашна вредност на средствата кои не можат понатаму да се користат може да се амортизира во целина независно од пропишаниот век на траење, при што за таквата амортизација во целина да влезе како расход при утврдување на основата за оданочување, а врз основа на Одлука од органот на управување, се поднесува барање за согласност за признавање на расход во даночен биланс во УЈП, до 31 јануари 2021 година, за 2020 година, на Образецот ДД БС – Барање согласност за признавање на расход во даночен биланс.
Барање-согласност за признавање на расход во даночен биланс (образец “ДД- БС”) се поднесува во електронска форма преку http://etax.ujp.gov.mk.