Во „Сл. весник на РСМ” бр. 151/21 кој се применува од 14 јули 2021 година објавен е Закон за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Сл. весник на РМ”, бр. 62/05, … и 267/20), според кој целосно се промени текстот на член 104 од Законот за работни односи.
Имено, со направената измена Договорот за вработување работодавачот го прекинува кога работникот ќе наполни 64 години возраст и 15 години пензиски стаж, доколку со друг закон поинаку не е уредено (се укинува правото на работникот да бара продолжување на договорот за вработување најмногу до 67 години возраст – маж, односно 65 години возраст – жена).
Исто така, СЕ УКИНУВА можноста за продолжување на договорот за вработување со поднесување писмена изјава од страна на работникот.
За поднесените изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2021 година се применуваат одредбите од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” број 62/2005, …120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” број 110/19 и 267/20). Продолжениот договори за вработување за поднесените Изјави за продолжување на договорот за вработување до 31 август 2021 година, важи до истекот на времето за кое е продолжен, а најдоцна до 30 јуни 2022 година.