Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец МАЈ 2022 година (се плаќа до 15 јуни 2022 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 7,2 % (КОЕФИЦИЕНТ 1,072), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс (ДБ) за 2021 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 7,2 % ((1/12 х 7,2 % : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,072 (1/12 х 1,072), освен за даночните обврзници кои имаат донации во спортот, за кои утврдената аконтација на претходниот начин може да се намали за износот на донацијата, но не повеќе од 50% од утврдената аконтација.