ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ЈУЛИ 2022 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 9,3%

Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈУЛИ 2022 година (се плаќа до 15 август 2022 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 9,3% (КОЕФИЦИЕНТ 1,093), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс  (ДБ) за 2021 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 9,3 % ((1/12 х 9,3 % : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,093 (1/12 х 1,093), освен за даночните обврзници кои имаат донации во спортот, за кои утврдената аконтација на претходниот начин може да се намали за износот на донацијата, но не повеќе од 50% од утврдената аконтација.