Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец МАЈ 2023 година (се плаќа до 15 јуни 2023 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 5,4% (КОЕФИЦИЕНТ 1,054), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс (ДБ) за 2022 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 5,4% ((1/12 х 5,4 % : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,054 (1/12 х 1,054), освен за даночните обврзници кои имаат донации во спортот, за кои утврдената аконтација на претходниот начин може да се намали за износот на донацијата, но не повеќе од 50% од утврдената аконтација.