ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ЈАНУАРИ 2022 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 4,6%

Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2022 година (се плаќа до 15 февруари 2022 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 4,6% (КОЕФИЦИЕНТ 1,046), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс  (ДБ) за 2020 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 4,6% ((1/12 х 4,6% : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,046 (1/12 х 1,046), освен за даночните обврзници кои имаат донации во спортот, за кои утврдената аконтација на претходниот начин може да се намали за износот на донацијата, но не повеќе од 50% од утврдената аконтација.