Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 135/22 објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на одделни производи: – во натамошниот текст: Одлуката.
Одлуката се применува од 14 јуни 2022 година до 30 септември 2022 година.
Со Одлуката се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи:
- Леб бел (сечен на парчиња или цел);
- Шеќер бел;
- Сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
- Брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
- Макарони и шпагети од тврда пченица;
- Македонски ориз бел;
- Трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и
- Јајца од кокошка.
Највисоката трговска маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо и трговијата на мало се утврдува најмногу во вкупен износ до 5%, за следниве стоки:
- Леб бел (сечен на парчиња или цел),
- Шеќер бел и
- Сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло)
Највисоката трговска маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо и трговијата на мало се утврдува најмногу во вкупен износ до 10%, за следниве стоки:
- Брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
- Макарони и шпагети од тврда пченица;
- Македонски ориз бел;
- Трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и
- Јајца од кокошка.
Производителите кои ги произведуваат наведените стоки се опфатени во трговскиот ланец на трговијата на големо.
За наведените стоките од Одлука не се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложу вање на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).
Напомена: Заради усогласување се склучуваат анекси кон склучените годишни договори за продажба вотрговскиот ланец помеѓу добавувачите (трговците на големо) и купувачите (трговците на мало) или се склучуваат нови договори.