Согласно со членот 22 став 2 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (Сл. весник на РМ, бр. 142/08, … и 247/18), обврзникот за пресметка и уплата на придонесите – работодавач за своите вработени и самовработено лице за своите вработени, согласно со прописите од областа на работните односи е должен да му достави заверена писмена пресметка за пресметаните и уплатените придонеси на обврзникот (РАБОТНИКОТ) за плаќање на придонеси најдоцна 15 дена од денот на исплатата на плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок, како и збирен Годишен извештај по истекот на годината најдоцна до 15 февруари наредната година.