ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ (ЛИЧНО ОСЛОБОДУВАЊЕ) ЗА 2022 ГОДИНА

Во “Службен весник на РСМ”, бр. 303/21  објавено е даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во висина од 105.456 денари за 2022 година.
Висината на даночното намалување од работа по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува за 2022 година во износ од 8.788 денари.
Даночното намалување ќе се користи со исплатата на платата за месец јануари 2022 година.