ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ДОНЕСЕНИ СЕ ТРИ ПРАВИЛНИЦИ ОД МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ВРЗ ОСНОВА НА ЧЛЕНОВИТЕ 35 СТАВ 8, 27 СТАВ 9 И 26 СТАВ 6 ОД ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ

Во „Службен весник на РСМ” бр. 14/23 од 24 јануари 2023 година објавени се три правилници донесени од министерот за финансии врз основа на член 35 став 8, член 27 став 9 и член 26 став 6 од Законот за вршење на сметководствени работи (“Службен весник на РСМ”, бр. 173/22). Правилниците се во сила од 25.01.2023 год.

Донесени и објавени се следниве правилници:

1. Правилник за формата, содржината и начинот на водење на регистарот на сметководствени приправници, регистарот на сметководители, регистарот на овластени сметководители, регистарот на трговци поединци – сметководители, регистарот на трговци поединци-овластени сметководители, регистарот на друштва за вршење на сметководствени работи и регистарот на правни лица кои спроведуваат обуки за континуирано професионално усовршување.

2. Правилник за формата и содржината на барањето за упис во регистарот на сметководители и регистарот на овластени сметководители, како и формата и содржината на потврдата за стекнатото искуство во вршење на сметководствени работи.

3. Правилник за формата и содржината на барањето за полагање на испит за стекнување на статус на сметководител и барањето за полагање на испит за стекнување на статус на овластен сметководител, како и формата и содржината на уверението за сметководител и уверението за овластен сметководител.