• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ ТРГОВИЈА СО ОДДЕЛНА СТОКА

Врати се назад
  • ДОЗВОЛЕНА Е АКЦИСКА ПРОДАЖБА НА ПРОИЗВОДИТЕ/СТОКИТЕ СО ГАРАНТИРАНИ ЦЕНИ
  • НАМАЛУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ ПОРАДИ ИСТЕКУВАЊЕ НА РОКОТ НА УПОТРЕБА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ И ПРЕХРАНБЕНИТЕ ПРОИЗВОДИ НЕ СЕ СМЕТААТ ЗА АКЦИСКА ПРОДАЖБА

Согласно со Одлуката за дополнување на Одлуката за забрана на трговците да вршат трговија со одделна стока (Сл. весник на РСМ, бр. 196/2023), ОД 22 септември 2023 година до 30 ноември 2023 година, ПО ИСКЛУЧОК ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО КОИ ВРШАТ ТРГОВИЈА НА МАЛО НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ можат да нудат акциска продажба (акција) за намалување на гарантираната цена на производите/стоките од Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на РС Македонија“ бр.195/23) – во натамошниот текст: Одлука за посебни услови во трговија со одделни стоки……  /( ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg; брашно пченично тип 400 и тип 500; бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите; други пекарски производи; бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g; наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g; тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;  јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел; свинско месо без коски, од бут или некој друг дел; мелено месо свинско и јунешко; пиле свежо или замрзнато (цело);пилешки стек свеж или замрзнат; чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;пилешка посебна салама (без слајс пакување);паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l; јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 l и 1,5 l; кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500g; павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g; традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци); традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);свежи јајца од кокошка; свежо овошје и свеж зеленчук/.

ЗНАЧИ:

СЕ ЗАБРАНУВА трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи  да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција) при нивно ставање во промет СО ИСКЛУЧОК НА:  

Исклучок 1: ДОЗВОЛЕНА Е АКЦИСКА ПРОДАЖБА (АКЦИЈА) за:

ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО КОИ ВРШАТ ТРГОВИЈА НА МАЛО НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ можат да нудат акциска продажба (акција) за намалување на гарантираната цена на производите/стоките од Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки…..).

НАПОМЕНА:  Цените во трговијата на мало кои се намалуваат поради истекување на рокот на сите земјоделски и прехранбени производи не се сметаат за акциска продажба (акција).

Исклучок 2: ДОЗВОЛЕНА Е АКЦИСКА ПРОДАЖБА (АКЦИЈА) за:

трговците кои вршат трговија на МАЛО НА алкохолни и безалкохолни пијалоци.  

—————————–

ПРЕЧИСТЕНИОТ ТЕКСТ НА ОДЛУКАТА ЗА ЗАБРАНА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ВРШАТ ТРГОВИЈА СО ОДДЕЛНА СТОКА (СЛ. ВЕСНИК НА РСМ, БР. 192/2023 И 196/2023) ГЛАСИ:

Член 1

Со оваа одлука се забранува на трговците кои вршат трговија на мало на земјоделски и прехранбени производи да нудат акциска продажба (акција) и промотивна продажба (промоција), со исклучок на алкохолни и безалкохолни пијалоци, при нивно ставање во промет.

По исклучок од ставот 1 на овој член, трговците од ставот 1 на овој член можат да нудат акциска продажба (акција) за намалување на гарантираната цена на производите/стоките од Одлуката за посебни услови за трговија на одделени стоки, определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите според определен редослед („Службен весник на РС Македонија“ бр.195/23).

Цените во трговијата на мало кои се намалуваат поради истекување на рокот на земјоделските и прехранбените производи не се сметаат за акциска продажба (акција).

Член 2

Забраната на стоките од член 1 на оваа одлука ќе се применува до 30 ноември 2023 година.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Членови на Одлуките кои не го следат нумерирањето на членовите во основниот текст:

Член 2

Одредбите од членот 1 од оваа одлука ќе се применуваат од 22 септември 2023 година до 30 ноември 2023 година.

Член 3

Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

________________

PrevПРЕДХОДНА ОБЈАВАОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД
СЛЕДНА ОБЈАВАОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА ГОЛЕМО И ТРГОВИЈАТА НА МАЛОNext
мај 7, 2025
Процент на пораст на цените на мало за аконтацијата за данок на добивка за месец Април 2025 година е позитивен и изнесува 1,4%
Види повеќе >
април 25, 2025
ДОНЕСЕНА Е ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА КЛАСИФИКАЦИЈА НА ДЕЈНОСТИТЕ – НКД РЕВ.2.1
Види повеќе >
април 23, 2025
ПОДАТОЦИ ЗА ПЛАТА И НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ОД РАБОТЕН ОДНОС СПОРЕД СООПШТЕНИЕТО НА ДЗС ОД 22.04.2025
Види повеќе >
април 7, 2025
ПРОЦЕНТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ МАРТ 2025 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 1,2%
Види повеќе >
  • Скопје: ул. Бриселска бр. 9/1-8
  • Телефон: 02/ 3124-311; 02/ 3124-310
  • E-mail: info@konsaltingpekovic.mk
  • Политика за колачиња

2025 © Сите авторски права се задржани | Изработено со 🤍 од: WEB.mk