За Компанијата

Друштвото за економско – правен консалтинг ПЕКОВИЌ е компанија за издавачка дејност и консалтинг услуги од областа на даноците, сметководството, финансиите и деловното право.

Својата дејност компанијата ја извршува преку:

1. ПРЕТПЛАТА НА СПИСАНИЈА ЗА ПРИВАТНИОТ И ЈАВНИОТ СЕКТОР И ТОА:
-СОВЕТНИК ЗА ДАНОЦИ, СМЕТКОВОДСТВО И ДЕЛОВНО ПРАВО,
– Е-ИНФОРМАТОР,
– Е-ПРОПИСИ,
– ПРИРАЧНИК ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ГОДИШНАТА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ И ДАНОЧНИТЕ БИЛАНСИ.

2. КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ ВО ФОРМА НА ИНДИВИДУАЛЕН КОНСАЛТИНГ ЗА ПОЕДИНЕЧЕН КЛИЕНТ:
– по телефон,
– во нашите и Вашите деловни простории,
– по е-маил,
– на вибер.

3. КОНСАЛТИНГ УСЛУГИ ВО ФОРМА НА МАСОВЕН КОНСАЛТИНГ:
– советувања,
– вебинари,
– работилници.

4.ОБУКИ:КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ (КПУ) ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ.

Долгогодишното искуство на нашиот тим на професионалци (овластен ревизор, овластени сметководители и правници) и надворешни соработници се гаранција за квалитетно, навремено и точно информирање за сите дилеми и проблеми со кои се соочувате во Вашето деловно секојдневие, што овозможува поддршка и сигурност за донесување на оптимални деловни одлуки.

Ние постоиме за Вас! Заедно сме посилни!