ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД ЗА ЛИНКОВИТЕ НА КОИ ЕЛЕКТРОНСКИ ТРЕБА ДА СЕ ДОСТАВУВААТ ИЗВЕСТУВАЊАТА ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА, РАБОТА НА ПРАЗНИК, НОЌНА РАБОТА…ИТН.

Државниот инспекторат за труд Ве известува дека Известувањата за работа во недела потребно е да ги доставувате исклучиво на следната електронска адреса: rabotavonedela@dit.gov.mk

Известувањата за работа на празник; за прекувремена работа; за ноќна работа;  за отпочнување на дејност; за отпочнување на вршење на градежни работи;  за несреќа при работа; како и Пријавата за полагање на стручен испит од областа на безбедност и здравје при работа или било каква друга пријава или известување да ги доставувате на следните електронски адреси: prijava@mtsp.gov.mk  или на  info@dit.gov.mk

Ова Известување е со цел правилно евидентирање на Вашите пријави во Државниот инспекторат за труд.