ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ВРШЕЊЕ СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ Е ОБЈАВЕН ВО „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ“ БР. 173/2022 ОД 1 АВГУСТ 2022 ГОДИНА

Во “Службен весник на РСМ”, бр. 173/22 објавен е Новиот Закон за вршење сметководствени работи, со кој се уредуваат условите на вршење на сметководствени работи, субјектите кои вршат сметководствени работи, условите за стекнување со статус на сметководител и овластен сметководител, организацијата и работењето на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, основањето и надлежностите на Советот за унапредување и надзор над сметководствената професија на Република Северна Македонија, како и други прашања кои се однесуваат на вршењето на сметководствени работи.

Со денот на влегувањето во сила на новиот Закон за вршење сметководствени работи престанува да важи Закон за вршење сметководствени работи (“Службен весник на РМ“, бр. 95/12, 188/13, 27/14, 154/15, 192/15, 23/16, 190/16 и 193/17).  

Законот влегува во сила од 9 август 2022 година.