ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје
info@konsaltingpekovic.mk
Search
Close
  • Почетна
  • За Нас
  • Претплата
  • КПУ
  • Контакт
  • Линкови
  • Online консултација
Menu
  • Почетна
  • За Нас
  • Претплата
  • КПУ
  • Контакт
  • Линкови
  • Online консултација

ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ

Врати се назад

Во „Сл. весник на РСМ“, бр. 135/22  објавена е Одлука за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со која се се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата на одделни производи: – во натамошниот текст: Одлуката.
Одлуката се применува од 14 јуни 2022 година до 30 септември 2022 година.
Со Одлуката се определува највисоката трговска маржа како посебен услов во трговијата со следните производи:

  1. Леб бел (сечен на парчиња или цел);
  2. Шеќер бел;
  3. Сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло);
  4. Брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
  5. Макарони и шпагети од тврда пченица;
  6. Македонски ориз бел;
  7. Трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и
  8. Јајца од кокошка.

Највисоката трговска маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо и трговијата на мало се утврдува најмногу во вкупен износ до 5%, за следниве стоки:

  1. Леб бел (сечен на парчиња или цел),
  2. Шеќер бел и
  3. Сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло)

Највисоката трговска маржа за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо и трговијата на мало се утврдува најмногу во вкупен износ до 10%, за следниве стоки:

  1. Брашно од пченица – тип 400 и тип 500;
  2. Макарони и шпагети од тврда пченица;
  3. Македонски ориз бел;
  4. Трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% и
  5. Јајца од кокошка.

Производителите кои ги произведуваат наведените стоки се опфатени во трговскиот ланец на трговијата на големо.
За наведените стоките од Одлука не се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложу вање на стоките на рафтови односно полици (примарни и секундарни позиции).

Напомена: Заради усогласување се склучуваат анекси кон склучените годишни договори за продажба вотрговскиот ланец помеѓу добавувачите (трговците на големо) и купувачите (трговците на мало) или се склучуваат нови договори.

PrevПРЕДХОДНА ОБЈАВАИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА АКЦИЗАТА ЗА ОДДЕЛНИ НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
СЛЕДНА ОБЈАВАОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИNext

2021 © Сите авторски права се задржани:

Социјални мрежи:

Facebook Twitter Instagram Linkedin