Во Службен весник на РСМ број 35 од 14 февруари 2024 година беше објавена Одлука за донесување на националната класификација на дејностите – НКД Рев.2.1.
Новата НКД Рев.2.1. се применува од 01 јануари 2025 година.
Структура на НКД Рев.2.1
НКД Рев.2.1 е составена од пет хиерархиски нивоа кои се означени на следниот начин:
- сектор – се означува со две букви
- оддел – се означува со двоцифрена шифра
- група – се означува со трицифрена шифра
- класа – се означува со четирицифрена шифра
- поткласа – се означува со петцифрена шифра
За разлика од НКД Рев.2 во која најниско ниво беше класа (четирицифрена шифра), во НКД Рев.2.1 најниско ниво е поткласа (петцифрена шифра). Поткласата е воведено ниво за национални потреби.
Според соопштението на Централниот регистар на РСМ од 31.12.2024 година, од 01 јануари 2025 година во регистрите кои ги води Централниот регистар е имплементирана новата национална класификација на дејностите – НКД Рев.2.1, при што подносителите на пријави за упис, како и подносителите на годишни сметки за субјектите на упис ќе ги имаат следните можности:
- При поднесување на пријава за упис на основање на правни субјекти во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лицa, да одберат и внесат податок на шифра на приоритетна дејност согласно новата НКД рев.2.1;
- При поднесување на пријава за упис на промена кај правните субјекти во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лицa, кај кои е дозволена промена на дејноста, да одберат и внесат податок за дејност според новата НКД рев.2.1;
- При поднесување на годишни сметки за субјекти на упис, подносителите во образецот да ја внесат главната приходна шифра, според новата НКД Рев2.1.
Во продолжение следи линк до новата национална класификација на дејностите НКД.Рев.2.1. и споредбениот преглед меѓу НКД Рев.2 и НКД Рев.2.1.
https://www.stat.gov.mk/KlasifikaciiNomenklaturi/Nkd.Rev.2.1.pdf