ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ПРИМЕНА НА ЧЛЕН 32 – А ОД ЗАКОНОТ ЗА ДДВ (REVERSE CHARSE) НА ИЗГРАДБАТА НА ФОТОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРОЦЕНТРАЛИ – ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ДОБРАТА И УСЛУГИТЕ ЗА КОИ ДАНОЧЕН ДОЛЖНИК Е ДАНОЧНИОТ ОБВРЗНИК КОН КОГО Е ИЗВРШЕН ПРОМЕТ ОД СТРАНА НА ДРУГ ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

Во ”Службен весник на РСМ”, бр. 202/22 објавена е Одлука за изменување на Одлуката за определување на добрата и услугите за кои даночен должник е даночниот обврзник кон кого е извршен промет од страна на друг даночен обврзник (,,Службен весник на Република Македонија” бр. 45/14 и 160/16 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 278/21)- во натамошниот текст: Одлука за изменување.
Одлуката за изменување влезе во сила и се применува од 16 септември 2022 година.
Со Одлуката за изменување прецизно се дефинираат енергетските централи за чија изградба се применува механизмот на пренесена даночна обврска.
Според Одлуката за изменување во енергетски централи влегуваат и  фотонапонски централи, што значи дека за изградбата (прометот) на фотонапонски електроцентрали се применува пренесена даночна обврска.
Пречистениот текст на член 2, точка 6 потточка А) гласи:
6. ИЗГРАДБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОДОВИ И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ЛИНИИ И ТОА:
А) ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ ОД НИСКОГРАДБА ЗА:
– далекуводи и градски мрежи за снабдување со струја и телекомуникациски линии и   „- енергетски централи (хидро електроцентрали, ветерни електроцентрали, фотонапонски електроцентрали, термоелектроцентрали на биомаса, термоелектроцентрали на биогас, термоелектроцентрали на јаглен, геотермални електроцентрали, нуклеарни електроцентрали, електроцентрали на природен гас, објекти за производство на топлинска енергија, како и високоефикасни комбинирани постројки за производство на електрична и топлинска енергија.).“