ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ 2021 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 3,6%

Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец СЕПТЕМВРИ 2021 година (се плаќа до 15 октомври 2021 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 3,6% (КОЕФИЦИЕНТ 1,036), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс  (ДБ) за 2020 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 3,6% ((1/12 х 3,6% : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,036 (1/12 х 1,036), освен за даночните обврзници кои имаат донации во спортот, за кои утврдената аконтација на претходниот начин може да се намали за износот на донацијата, но не повеќе од 50% од утврдената аконтација.