ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ПРОЦЕНТОТ НА ПОРАСТ НА ЦЕНИТЕ НА МАЛО ЗА АКОНТАЦИЈАТА ЗА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА ЗА МЕСЕЦ ОКТОМВРИ 2021 ГОДИНА Е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 3,8%

Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец ОКТОМВРИ 2021 година (се плаќа до 15 ноември 2021 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 3,8% (КОЕФИЦИЕНТ 1,038), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс  (ДБ) за 2020 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 3,8% ((1/12 х 3,8% : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,038 (1/12 х 1,038), освен за даночните обврзници кои имаат донации во спортот, за кои утврдената аконтација на претходниот начин може да се намали за износот на донацијата, но не повеќе од 50% од утврдената аконтација.