ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

ФИНАНСИСКА ПОМОШ ЗА ИСПЛАТА НА МИНИМАЛНА ПЛАТА (ПРАВИЛНИК, НОВ КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР)

Во Службен весник на РСМ, бр. 80/22  (датумот на Службениот весник е 31 март 2022) објавен е Правилникот за начинот на обезбедување на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето-зголемената минимална плата. Правилникот е во сила од денес, 1 април 2022 година.   Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за измена и дополнување на Законот  за минимална плата во РС Македонија, („Сл. весник на РСМ’’, бр.41 од 24.02.2022 година), имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година.

Во НОВИОТ КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР, Барањето за обезбедување на финансиската помош за вработеното лице за кое се бара финансиска помош, работодавачите го изразуваат преку пополнување на шифрата 405 во полето 3.23.  

На работодавачот ќе му се обезбеди финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата во износ од 1.197 денари. Финансиската помош се обезбедува на работодавачите за работниците на кои основната плата ќе се исплати до нивото на бруто плата во износ од 26.422 денари.

Во линкот до Соопштението на УЈП има и линк за преземање на новата верзија на клиентскиот софтвер.

ЛИНК:

http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/908