Во „Службен весник на РСМ“ бр. 252/25 објавено е даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во висина од 131.184 денари за 2026 година.
Висината на даночното намалување од работа по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува за 2026 година во износ од 10.932 денари.
Даночното намалување ќе се користи со исплатата на платата за месец јануари 2026 година.