Согласно член 23 од Законот за вршење на сметководствени работи (Службен весник на РСМ, бр. 95/12 и ….193/17), трговецот поединец-сметководител, трговецот поединец-овластен сметководител и друштвото за вршење сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да му достават на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС):
- Список на лица вработени како сметководители и овластени сметководители со регистарски број под кој се запишани во соодветниот регистар во ИСОС и
- Доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност (до 31 јануари 2021 година).