Во „Службен весник на РСМ”, БР. 65/23 објавен е Закон за изменување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица („Службен весник на Република Северна Македонија” број 133/19, 275/19 и 244/20), според кој во член 3 ставот (5) се менува:
- Највисокиот износ за враќање на данокот за едно календарско тримесечје изнесува 2.100 денари.
Највисокиот износ за враќање на данокот ќе се применува за фискалните сметки издадени од 1 јануари 2023 година.
Законот се применува од 23 март 2023 година.