На веб страната на Министерството за економија објавено е УПАТСТВО за примена на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Училишен прибор). Упатството е во функција на појаснување на примената на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки (Службен весник на РСМ бр.183 од 3.09.2024 година), со која се определува највисоката трговска (профитна) маржа како посебен услов во трговијата со училишен прибор.