Во Сл. весник на РСМ, бр. 52/2023 објавени се две одлуки со исти назив (ОДЛУКА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО) со кои се определува:
- ОБВРСКАТА НА ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО ДА ГИ УТВРДАТ НАЈВИСОКИТЕ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ НА НИВОТО НА ЦЕНИТЕ КОИ СЕ ПРИМЕНУВАЛЕ НА 1 МАРТ 2023 ГОДИНА, НАМАЛЕНИ ЗА 15% ОДНОСНО ЗА 10%.
Одлуките СЕ ПРИМЕНУВААТ ОД 16 МАРТ 2023 ДО 31 МАЈ 2023 ГОДИНА.
- Со првата Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (БР. 41-2623/3) се определува ОБВРСКАТА НА ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО ДА ГИ УТВРДАТ НАЈВИСОКИТЕ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ НА НИВОТО НА ЦЕНИТЕ КОИ СЕ ПРИМЕНУВАЛЕ НА 1 МАРТ 2023 ГОДИНА, НАМАЛЕНИ ЗА 15% :
– нa тестенини неварени, неполнети ниту поинаку приготвени, што не содржат обично пченично брашно или гриз, без додаток на јајца (макарони и шпагети). - Со втората Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало (БР. 41-2625/3) се определува ОБВРСКАТА НА ТРГОВЦИТЕ НА МАЛО ДА ГИ УТВРДАТ НАЈВИСОКИТЕ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ НА НИВОТО НА ЦЕНИТЕ КОИ СЕ ПРИМЕНУВАЛЕ НА 1 МАРТ 2023 ГОДИНА, НАМАЛЕНИ ЗА 10%, НА СЛЕДНИВЕ ПРОИЗВОДИ:
– трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%;
– урда;
– кравјo бело сирење и мешано бело сирење;
– кравји кашкавал (со исклучок на кравји кашкавал без додатоци и пармезан);
– кисело млеко;
– павлака и
– јогурт, без додатоци