Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец МАЈ 2025 година (се плаќа до 15 јуни 2025 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 1,6%, (КОЕФИЦИЕНТ 1,016), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс (ДБ) за 2024 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 1,6% ((1/12 х 1,6% : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,016 (1/12 х 1,016).