Процентот на пораст на цените на мало за аконтацијата на данокот на добивка за месец ЈАНУАРИ 2025 година (се плаќа до 15 февруари 2025 година) е ПОЗИТИВЕН И ИЗНЕСУВА 3,9%, (КОЕФИЦИЕНТ 1,039), што значи дека аконтацијата се утврдува во висина од 1/12 од износот на АОП 56 во даночниот биланс (ДБ) за 2023 година, зголемен со процентот на порастот на цените на мало 3,9% ((1/12 х 3,9% : 100) + 1/12)) или со коефициентот за директно множење 1,039 (1/12 х 1,039).