Во “Службен весник на РСМ”, бр. 263/23 објавено е даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во висина од 114.480 денари за 2024 година.
Висината на даночното намалување од работа по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува за 2024 година во износ од 9.540 денари.
Даночното намалување ќе се користи со исплатата на платата за месец јануари 2024 година.