Домашните правни лица, домашните физички лица – регистрирани за вршење на дејност, странските правни лица или странските физички лица (нерезиденти) со постојана деловна единица во Република Македонија (исплатувачи на приходи), имаат обврска при секоја исплата на приходи на странските правни лица да задржат и да уплатат данок според член 21 од Законот за данок на добивка (Сл. весник на РМ, бр. 112/14, … и 151/21, 199/23).
Наведените субјекти, согласно членот 24 став 1 од Законот за данокот на добивка имаат обврска да достават и Извештај за уплатениот данок по задршка – Образец – ДД-И.
Извештајот за уплатениот данок по задршка Образец ДД-И за 2023 година, се доставува до УЈП најдоцна до 15 февруари 2024 година, до даночната канцеларија на УЈП или по електронски пат преку системот http://etax.ujp.gov.mk/eTaxServices/.