ул. Бриселска бр.9/1-8, Скопје

НОВ ОБРАЗЕЦ – ДАНОЧНА ПРИЈАВА ДДВ-04

Во Службен весник на РСМ, бр. 79/22 објавен е Правилник за формата и содржината на даночната пријава на данокот на додадена вредност.
Правилникот влезе во сила и се применува од 31 март 2022.
Со Правилникот се пропишува НОВА СОДРЖИНА НА ДАНОЧНАТА ПРИЈАВА ЗА ДДВ – ДДВ 04. Иако даночната пријава за ДДВ (ДДВ 04) е целосно нов образец, во суштина во новиот образец се врши усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност (Службен весник на РСМ, бр. 57/22) со НОВО ПРОПИШАНИОТ ДАНОЧЕН ДОЛЖНИК ЗА ЦЕЛИ НА ДДВ – ОДАНОЧИВ ТРГОВЕЦ (ЧЛЕН 32 ТОЧКА 5).