• ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ
  • ПОЧЕТНА
  • ЗА НАС
  • ПРЕТПЛАТА
  • КПУ
  • КОНТАКТ
  • ЛИНКОВИ

Донесена е Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало

Врати се назад

Во „Службен весник на РСМ“ бр. 197/26 објавена е Одлука за определување на највисоки цени за одделни производи во трговијата на големо и мало, во натамошниот текст: Одлуката, се определуваат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало со училишен прибор.  
Највисоките цени на производите од Одлуката ќе се применуваат од 25 август 2026 година до 30 септември 2026 година.
Највисоката цена во трговијата со училишен прибор, се однесува за следниве производи:
– ранци и ташни;
– тетратки, блокови, колажи;
– моливи и пенкала (економични, пластични);
– дрвени и мрсни боици;
– пластелин, теста за моделирање, подлоги;
– фломастери и текст маркери;
– темперни, акрилни, водени бои и четки;
– линијари и дидaктички материјали;
– острилки и гуми за бришење;
– детски ножици;
– футроли и етуи;
– лепак, шестар, дигитрони;
– украсна хартија;
– папки и картонски ташни и
– материјали за изработка.

Највисоките цени на наведените производите се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 јуни 2026 година:
– во трговијата на големо  – кои цени се намалуваат најмалку за 10%, 
– во трговијата на мало (специјализирани продавници за продажба на училишен прибор, продавници за спортска опрема кои продаваат ранци и ташни и трговци на мало кои во својот асортиман на производи продаваат и училишен прибор) – кои цени се намалуваат најмалку за 15%.

По исклучок, за производите кои се набавени по 1 јуни 2026 година, највисоките цени на наведените производи се утврдуваат на:
– во трговијата на големо на нивото на цените евидентирани во Материјалната евиденција во трговијата на големо (Образец МЕТГ), кои цени се намалуваат најмалку за 10%,
– во трговијата на мало на нивото на цените евидентирани во Приемниот лист во трговијата на мало (Образец ПЛТ), кои цени се намалуваат најмалку за 15% .

Трговците за вршење дејност трговија на мало, наведените производи, кои се поставени на полиците треба јасно да ги обележат со натписот:
– „помалку трошоци, повеќе за тебе“ (објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд):
– да се прикаже претходната продажна цена на која е утврдено намалувањето и новата намалена продажна цена.

PrevПРЕДХОДНА ОБЈАВАПроцент на цените на мало за аконтацијата за месец јули 2026 година е позитивен и изнесува 2,2%
август 10, 2026
Процент на цените на мало за аконтацијата за месец јули 2026 година е позитивен и изнесува 2,2%
Види повеќе >
јули 10, 2026
Во „Службен весник на РСМ“ бр.148/26, објавени се измените и дополнувањата на Законот за работно ангажирање на лица
Види повеќе >
јули 9, 2026
Објавен е новиот Закон за парничната постапка – „Службен весник на РСМ“ бр.151/26 од 08 јули 2026 год.
Види повеќе >
јули 7, 2026
Процент на цените на мало за аконтацијата за месец јуни 2026 година е позитивен и изнесува 1,7%
Види повеќе >
  • Скопје: ул. Бриселска бр. 9/1-8
  • Телефон: 02/ 3124-311; 02/ 3124-310
  • E-mail: info@konsaltingpekovic.mk
  • Политика за колачиња

2025 © Сите авторски права се задржани | Изработено со 🤍 од: WEB.mk